Во недела рано наутро во 05 часот, Реал Мадрид и Барселона ќе ги одмерат силите во пријателски натпревар и тоа во склоп на турнејата во САД. Ова ќе биде нивни прв Ел Класико во новата сезона.
Мечот се игра во Лас Вегас, во градот на коцката, во градот на “гревот“, на стадион кој вреди дури 2 милијарди долари. Оригионалното име на стадионот е Allegiant stadium. Капацитетот му е 61.000 места, и важи за втор најскап стадион не само во САД туку и во светот.
Инаку ова за Реал Мадрид ќе биде прва пријателска ова лето, додека Барса веќе одигра три, ова ќе и биде четврта.