Лина Ѓорческа урна уште една фаворитка и завери полуфинале во Чешка

366

Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа не застанува. Таа во четвртфиналето на ИТФ-турнирот Оломуц победи уште една фаворитка. Лина овој пат беше подобра од американската тенисерка Ема Наваро со 2-0 во сетови за место во полуфиналето.

Во првиот сет Ѓорческа со два брејка дојде до водство и истиот го доби со 6-4, додека во вториот заигра уште подминантно, истиот го заврши со убедливи 6-2. Овој дуел траше нецели 80. минути.Ѓорческа во утрешното полуфинале за противничка ќе ја има Дарија Астакова од Русија.

ПретходноАшковски со понуди од Јоникос и Ламиа
СледноПретседателот на ФФМ оствари работна средба со градоначалникот на Струмица