По убедливиот пораз од Естонија за место во полуфиналето на Европското првенство Б Дивизија во Тбилиси, македонската кошаркарска репрезентација до 20 години нема време за тажење.
Избраниците на селекторот, Никола Василев денеска (12:30 часот) го играат првиот меч во битката за петото место. За противник ја имаат репрезентацијата на Летонија која во четвртфиналето беше совладана со 79-76.
Во групната фаза оваа селекција имаше две победи и еден пораз (од Бугарија). Исто станува збор за квалитен тим, кој не смее да се потцени. Доколку Македонија слави денеска, во последниот меч од ова натпреварување ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Шведска и Бугарија.