Лина Ѓорческа ќе игра во финалето во Оломуц

170

Најдобарата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во финалето на ИТФ турнирот кој што се одржува во чешки Оломуц.

Таа предмалку во полуфиналето беше подобра од Дарја Астакхова од Русија со конечни 2-1 во сетови (6-2, 3-6, 6-3) во исклучително тежок дуел кој траеше повеќе од два часа.

Во финалето кое што ќе се игра утре во 13:00 часот, Ѓорческа ќе се сретне со домашната фаворитка, 16. годишната Сара Бејлек, која што е една од најталентираните тенисерки во нејзината возраст не само во Чешка, туку и во Европа.

 

ПретходноВила се спаси од пораз против Јунајтед (ВИДЕО)
СледноЛетонија пресилна за нас, утре се бориме за седмо место