Матеус е господин, му даде 1.000 евра на таксистот кој му беше лут на Нојер!

1533

За разлика од Мануел Нојер, Лотар Матеус е вистински господин. Имено позната е случката со голманот на Баерн Минхен кој го загубил новчаникот во едно такси возило. Потоа споменатиот таксист морал да се мачи, да вози долг пат и да потроши 400 евра само да му го врати новчаникот на Нојер. И кога очекувал награда, или барем сума пари која ќе ги покрие неговите трошоци, Нојер му дал потпишан негов дрес за долго сеќавање.

Секако дека таксистот беше лут, медиумите во Германија просто го “распнаа“ Нојер.

Но, ете има луѓе, Матеус на пример. Тој му дал на таксистот 1.000 евра за дресот на Нојер и сега истиот ќе оди на аукција. Парите собрани ќе одат во добротворни цели.

ПретходноПријателска во Струмица: Детонит Плачковица со реми кај “Пандевци“!
СледноЗТЕ го шокираше Милан, Миловановиќ остана на клупата!