Нема дилеми дека Гостивар во следната сезона во ВМФЛ ќе биде еден од главните фаворити за првото место. Има одличен тим, купи кбалитетни играчи, а тоа се покажа денеска на пријателската против Тетекс во која победи со 5:1.
Головите за Гостивар беа дело на Рамадани, Петковски, Стојанов, Сухејб и Муча.
Инаку по мечот се огласија фановите на Тетекс, кои на својата официјална ФБ страна упатија, преку соопштение, остра критика за работата на новото раководство.
Соопштението ви го пренесуваме во целост…
Поминаа два месеци откога дојдоа новите ,,реформатори” во Фудбалскиот клуб Тетекс, многу пројекти се најавуваа уште на самиот почеток, се пофалија со еден ПВЦ прозор кој не е од нивен цеб туку донација од родител на фудбалер, беше најавено и заминување (платено) за припреми во Струга за отпосле да добијеме информации дека се откажале бидејќи било многу голем трошок.
Неделава се одиграа два контролни натпревари против ФК Работнички пораз од 4-1, каде на полувреме Тетекс водеше, а во вториот дел прими сомнителни четири гола, и денеска уште повисок пораз од 5-1 против ФК Гостивар.
Тешко и жално за ФК Тетекс е тоа какви легенди го раководат клубот, бидејќи никој не ги знае амбициите кои што и ги немаат.
Тетекс оваа сезона за жал ќе се бори само за опстанок и ништо чудно уште на полусезона да го снајде како лани што го снајде ФК Кадино.
Ќе ја пратиме ситауцијава и понатаму.
Напред Тетекс е буден!
За Тетекс Тетово, Засекогаш!