Најголемиот проблем на новиот стратег на ПСЖ Криштоф Галтие, е тој како да се ослободи од Нејмар. Бразилецот очигледно е дека не му се вклопува во концепцијата и со оглед на тоа дека зема голема плата а со ништо не придонесува, Галтие би сакал Нејмар да си замине.
Но тоа е тешко остварливо, посебно ако се знае дека Бразилецот со ПСЖ има договор до 2027 година.
Најново е тоа што тој бил понуден на Манчестер Сити. Сепак тој јавно кажува дека нема намера да си замине.
„Јас не знам како се плановите на раководството на клубот, но јас сакам да останам во ПСЖ. Со мене досега никој нема разговарано на таа тема“ изјави Нејмар.