Искусниот хрватски стопер и досегашен член на тимот на Бешикташ, Домагој Вида се сели во Грција и станува дел од екипата на АЕК.
Неговиот актуелен договор со турскиот гигант каде што е член од 2018 година заршува токму летово и тој како слободен играч се сели во Атина.
Имаше информација дека Вида се решава да замине во Саудиска Арабија, со што секако би де простил од сериознио дел од неговата кариера, но дефанзивецот очигледно не мисли така.