Сензационална победа на тимот на ЗТЕ или Залагаегерсег во пријателски меч против големиот Милан, шампионот на Италија и тоа со 3:2. Се чини дека играчите на Милан како да ја „преспаа“ оваа пријателска средба, па затоа загубија. Стрелци на головите за победничкиот тим беа Убочиоама, Мочи и Тајти. Сите овие три гола беа постигнати до 27.минута по што Унгарците водеа со неверојатни 3:0.
Да не биде катастрофа, се погрижија Жиру и Круниќ кои погодија за Милан за конечни 3:2.
Да кажеме дека на овој меч нашиот интернационалец во дресот на Залаегерсег, Даниел Миловановиќ остана на клупата, не доби шанса да заигра против Милан.