По заминувањето на Роберт Левандовски во Барселона, сега Баерн Минхен е во потрага по класичен голгетер. Да, го донесе Садио Мане, ама желбата е Хари Кејн, капитенот на Тотенхем и капитенот на репрезентацијата на Англија.
Во текот на денот, стратегот на Баерн, Јулиан Нагелсман имаше изјава за Кејн, дека го посакува, но и тоа дека е премногу скап за “баварците“.
Очекувано, на оваа изјава на Нагелсман свој коментар имаше Антонио Конте, стратегот на “спарси“ кој попладнево истакна…
„Навистина не го разбирам Нагелсман. Јас никогаш не сум говорел па ниту ќе говорам за играчи од други клубови. Што има тој да дава изјави за Хари Кејн. Тоа е непочитување кон нашиот клуб. Хари останува во Тотенхем, тој е премногу важен за нашиот клупски проект“ посочи Италијанецот.