Возачот на Ферари Шарл Леклер на утрешната трка за ГН на Франција во Формула 1 ќе стартува од првата позиција. Имено тој беше најбрз на денешните квалификации на патеката „Пол Рикар“. За разлика од него, вториот возач на Ферари Карлос Саинц ќе тргне од последната позиција со оглед на тоа дека во неговиот болид беше менуван моторот.
На втората и третата позиција ќе бидат возачите на Ред Бул, Макс Верстапен и Серхио Перез, кои денеска во квалификациите беа немоќни во однос на Леклер.
Утрешната трка започнува во 15 часот.