Летонија пресилна за нас, утре се бориме за седмо место

166

Македонската кошаркарска репрезентација до 20. години предмалку на  Европското првенство Б Дивизија во Тбилиси загуби во мечот од разигрувањето против селекцијата на Летонија со високи и убедливи 62-85 и на тој начин ги загуби шансите да се бори за подобар пласман на овој турнир.

Напротив, утре ние ќе мора во мечот за седмото место да спарингуваме со победникот од дуелот помеѓу Бугарија и Шведска, а исходот од тој дуел каков и да биде секако дека не ни носи пласман во А дивизијата.

Лошиот почеток на мечот, грешките и стартната негатива се директен виновник за овој висок пораз, затоа што ние во текот на целиот дуел „бркавме“ негатива која за жал од минута во минута се повеќе се зголемуваше.

 

 

ПретходноЛина Ѓорческа ќе игра во финалето во Оломуц
СледноДоријан Бабунски стрелец за Дебрецин