Тренерот на Баерн, Џулијан Нагелсман ги подгреа шпекулациите дека Хери Кејн би можел да се пресели во Баерн Минхен . Тој не ја негираше таквата можност на прашањето за капитенот на репрезентацијата на Англија. Вчера „Билд“ напиша дека Баварците сакаат да го доведат Кејн следното лето и веќе разговарале со претставниците на напаѓачот на Тотенхем.