Елитата почнува со 11 клубови: Ренова нема да игра во ПМФЛ!!!

3068

Иако според информациите на “Спортмедиа“ понеделник е денот “Д“ за Ренова, сепак се чини ништо од играњето на “гипсарите“ во ПМФЛ во следната 2022/23 сезона.

Имено во понеделник треба да се одржи последниот состанок на челниците на Ренова со потенцијалниот инвеститор од Австрија, но речиси 99.99 насто, нема да има ништо од таа зделка. Информациите до кои дојде “Спортмедиа“ од луѓе блиски на клубот велат дека сите во Ренова веќе се помирени со судбината и дека речиси нема никакви шанси да дојде до договор.

Значи бадијала надежите, а тоа значи дека во следната сезона во ПМФЛ ќе се натпреваруваат 11клубови. Па така со оглед на тоа дека Натпреварувачката комисија на ФФМ веќе ја одржa ждрепката за новата сезона, ждребувана беше и Ренова, сега ќе мора секој оној кој што требало да игра со “гипсарите“ ќе биде слободен.

Тоа значи дека во 1.коло слободна ќе биде Македонија ЃП, во второто Скопје, во третото коло Шкупи…

ПретходноЛудило во Рим: Дибала го урна рекордот на Роналдо, Рома и Мурињо во атак по титулата!
СледноГо нудат на Сити, а тој сака да остане во ПСЖ!