Роналдо само поради Меси е опседнат да игра во ЛШ!

370

Кристијано Роналдо и натаму е во фокусот во фудбалска Европа, па и во светот. Имено тој сеуште нема клуб, сеуште не се знае каде ќе игра во следната сезона. Според последните информации, еден од најдобрите фудбалери во историјата, е блиску до Атлетико Мадрид, но тешко оди тоа, посебно ако се знае дека фановите на овој клуб едноставно не можат да го “сварат“ Португалецот уште од времето кога тој играше во Реал Мадрид, кога едноставно сам го победуваше Атлетико.

Инаку се поставува прашањето зошто толкава опсесија кај Роналдо да игра во клуб кој ќе настапува во Лигата на Шампионите?

Одговорот е во Меси. Имено Роналдо сега е рекордер по постигнати голови во ова натпреварување, но му бега на Меси само 15 голови, и знае добро дека таа бројка не е никаква гаранција дека кариерата ќе ја заврши како рекордер, ако се знае дека Лео Меси во наредните 2-3 години сигурно со својот ПСЖ ќе игра во ЛШ, и секако дека би можел да го достигне рекордот на Роналдо, па и да го престигне.

Ете затоа Португалецот толку сака да игра во ЛШ.

ПретходноБрдаровски: Ова е историски меч за Шкупи, се надевам на чудо!
СледноЛеклер до пол-позицијата за ГН на Франција!