Сидни Меклафлин е новата светска шампионка, а воедно и нов светски рекордер во дисциплината 400 метри со пречки. Таа на Мундијалот кој се одржува во Јуџин, САД обезбеди злато со ново најдобро време на светот од 50:68. Американката е првата дама која што ја минала оваа делница под 51 секунда.
Од друга страна Мајкл Норман исто така од САД, е освојувач на златото на 400 метри во машка конкуренција, додека Шаона Милер Уибо со време од 49.11 беше најдобра во женска конкуренција. Во фрлање копје број еден во светот е КЕсли Ли Барбер од Австралија со далечина од 66.91.