У-20: Утре за крај повторно со Украина, но сега во битка за петтото место!

167

Ракометната У-20 селекција на Македонија по денешниот триумф над Луксембург на ЕХФ шампонатот во Варна, утре ќе се бори за тоа петто место на првенството. Интересно, ривал ќе ни биде селекцијата на Украина која денеска славеше против В. Британија. Велиме интересно зошто токму Украина ни беше ривал во првиот меч на овој ЕХФ шампионат во Варна, а тогаш во тој натпревар резултатот беше 23:23, кога со гол постигнат на пет секунди до крајот ние успеавме да дојдеме до реми.

Инаку утрешниот меч е закажан за во 12 часот. Во случај на триумф нашите надежи ќе завршат како петопласирани.

ПретходноМагија на Мбапе, уште еден триумф на пријателските за ПСЖ! (ВИДЕО)
СледноГостивар го “торпедираше“ Тетекс, фановите на тетовци “вријат“ и пишуваат соопштенија…