Во пресрет на реванш мечот од 2.квалификациско коло во ЛШ меѓу Шкупи и Динамо Загреб, кој се игра во вторник во Скопје со почеток од 21 часот, “модрите“ вечерва ја имаа “генералката“. Тимот на Анте Чачиќ гостуваше кај Славен Белупо и успеа да победи со 1:5. Интересно, во 2.минута домашните поведоа со 1:0, но потоа до 27.минута Динамо Загреб постигна три гола.
Јасно беше дека “модрите“ беа гневни по оние 2:2 на “Максимир“ со нашиот шампион, па затоа и му се “истурија“ на Славен Белупо.
Интересно, на оваа средба како стопер играше Стефан Ристовски, додека Аријан Адеми целиот меч го преседе на клупата, очгледно дека капитенот на “модрите“ се штедеше за дуелот со Шкупи.
Да кажеме дека стрелци на головите за Динамо беа Батурина, Оршиќ, Дрмиќ, Мишиќ, Шпикиќ.
Убава победа на Динамо Загреб во 2.коло во ХНЛ, но нели, Шкупи не е Славен Белупо.
Динамо, Стефан, Аријан и останатите ги чека пекол во вторник на Арената во Скопје.