Робот му скрши прст на дете…. на партија шах (ВИДЕО)

988

Чудно и пред се бизарно видео доаѓа од Москва, каде што на еден шаховски турнир за млади категории, седумгодишно момче е повредено од страна на робот!? Во дуел помеѓу младиот шахист и роботот, момчето во еден момент прави потег кога за тоа не е време, и роботот реагира со тоа што му го фаќа прстот. Детето заработува скршеница, а неговите родители сега се закануваат со тужба.

Организаторот од друга страна пак, смета дека ниту роботот, а уште помалку одговорните лица се виновни за немилиот настан од проста причина што како што самите велат, момчето требало повеќе да внимава и да не прави нагли потези кога роборот е на ред да одигра!?

ПретходноТриумф над Луксембург и борба за петто место на ЕП во Варна
СледноВила се спаси од пораз против Јунајтед (ВИДЕО)