“Лавовите“ в среда, со автобус, ќе патуваат за Софија!

487

Во Скопје на македонско – бугарската пресметка меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија беше 0:0. Во четврток во Софија следува реваншот кој започнува од 19 часот по македонско време, а тоа е вториот меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

По тие 90 минути ќе се знае која од овие две екипи ќе игра во третата квалификациска рунда со победникот од двомечот меѓу Сент Патри и Мура, да се надеваме дека тоа ќе биде нашиот тим.

Лавовите“ под водство на стратегот Муарем Бајрами наголемо се подготвуваат, тие и денеска имаа засилен тренинг.

Да, се подготвуваме. Во среда наутро со автобус ќе одиме за Софија, блиску, нема потреба со авион да се лета. Јас сум оптимист, верувам во оваа екипа на Македонија ЃП. Видете, и покрај тие 0:0 јас мислам дека и натаму ЦСКА Софија е фаворит, сега ќе играат и пред своите фанови. Ќе биде тешко, но ние сме подготвени да го дадеме својот максимум. Ако играме во четврток како што игравме во првите 45 минути во Скопје моите очекувања се уште поголеми. Сепак, реков, ЦСКА е фаворит“ посочи за “Спортмедиа“ стратегот на тимот од Ѓорче, Муарем Бајрами.

ФОТО: FK Makedonija GP facebook

ПретходноОсимен се правеше фраер на тренинг, па Спалети го прати на „туширање“! (ВИДЕО)
СледноБарса го договорила Кунде за 60 милиони евра!