Легендарниот Полјак, Роберт Левандовски реши кариерата да ја продолжи во Барселона, а германскиот шампион за неговите услуги инкасира 45 милиони евра.
Томас Милер проговори за заминувањето на Левандовски, очигледно не му пречи премногу, но истакнува дека нема да биде исто без него.
“Сите се договорија тој да го напушти клубот. Очигледно има одредени причини поради кои тој одлучи да си замине. Не знаеме што ќе се случи и како ќе изгледа се, бидејќи си замина играч кој постигнуваше од 30 до 50 гола по сезона”, рече Милер и додаде:
“Нема да играме со десет затоа што тој си замина. Се разбира, многу топки одеа кон него и сега другите играчи ќе имаат повеќе шанси да постигнат голови”.
Роберт Левандовски одигра 375 натпревари за баварскиот гигант, постигна 344 гола и освои се што можеше.