Младинците посакуваат победнички крај, Украина последна пречка за петото место!

105

По убедливиот триумф над Луксембург, младинска машка репрезентација на Македонија денеска (12 часот) го игра последниот натпревар на ЕХФ шампионатот кој се одржува во Варна.

Селекторот, Бранко Ангеловски и неговите момци ќе се борат за петото место, а за противник ја имаат селекцијата на Украина. Станува збор за репрезентација со која се сретнаа во групната фаза, првиот дуел заврши без победник 23-23, што пак е најава за нова возбудлива пресметка.

Во финалето на ЕХФ шампионатот ќе се сретнат Израел и Романија, мечот се игра од 17 часот.
ПретходноЧачиќ пред реваншот со Шкупи: Влегуваме без комплекси, свесни сме дека сме подобри!
Следно17-годишен фудбалер е замената за Левандовски во Баерн!