Се чини дека има проблеми во тимот на Наполи, во тимот на нашиот Елиф Елмас. Тоа се виде на денешниот тренинг во склоп на подготовките за новата сезона. Виктор Осимен, ѕвездата на Наполи незадоволен од еден старт на еден свој соиграч почна да негодува. На тоа се надоврза тренерот Лучано Спалети, а Нигериецот почна и кон него да се развикува и да мафта со рацете.
За да на крај сакајќи да покаже кој е газда во тимот, лутиот Спалети го избрка Осимен од тренинг и го прати на туширање.
Spalletti to Osimhen "You're talking too much"
Osimhen was ejected from Napoli's training session after an argument with Anguissa.pic.twitter.com/RAql3nUfSQ
— Gilles 🇳🇬🏴 (@_Grimanditweets) July 24, 2022