Во вторник на Арената во Скопје со почеток од 21 часот, нашиот шампион против Динамо Загреб ќе го одигра возвратниот дуел од 2.квалификациско коло во ЛШ. Првиот меч во Загреб беше 2:2, па ете шанса Шкупи да оди натаму.
Јасно е дека ќе биде тешко против силниот Динамо, па затоа чаирчани упатија порака преку своите социјални мрежи до граѓаните на Скопје.
Во неа се вели…
“Драги граѓани на Скопје како и подржувачи на Шкупи, во вторник сме на чекор до испишување на историја и пласман во третата квалификациска рунда во ЛШ. За да се случи ова на нашиот тим му е потребна поддршка. Дојдете на Арената, ни треба вашата поддршка“.
Инаку билетите и натаму се продаваат, а чина од 150 до 1.000 денари.