Баерн невидлив покрај Сити, Халанд со деби гол, Арсенал изгледа моќно (ВИДЕО)

834

Љубителите на фудбалот можеа да уживаат во САД се одиграа три навистина одлични пријателски натпревари.

Серијата ја отворија Манчестер Сити и Баерн, а англискиот шампион на крајот победи со 1:0 со голот на Ерлинг Халанд во 12. минута од натпреварот.

Овој натпревар доцнеше поради невреме во Грин Беј, а потоа по голот на Ерлинг Халанд повторно беше прекинат околу 30 минути. По враќањето на теренот, секое полувреме се играше по 40 минути. Сити беше доминантен, создаде голем број на шанси, но на крајот останаа само 1:0 на овој меч.

Арсенал го совлада Челзи со 4:0 во лондонскиот меч и покажа дека новата сезона може да биде вистинска експлозија за овој тим.

Габриел Жесус го отвори резултатот за Челзи во 15. минута од натпреварот за 1:0, а Мартин Одегард во 36. минута зголеми на 2:0.

Со овој резултат замина на одмор, а следуваа уште два удари во мрежата на Челзи. Третиот гол беше дело на Сака во 66. минута, а бод за овој натпревар и конечни 4:0 ги постави Локонга во судиското надополнување.

 

ПретходноБарса го доби „Ел Калсико“ во Лас Вегас, проектил на Рафиња, деби на Левандовски (ВИДЕО)
СледноЖешки сцени од „Ел Класико“: Највоинствени беа Антонио Рудигер и Роналд Араухо (ФОТО)