Барса го доби „Ел Калсико“ во Лас Вегас, проектил на Рафиња, деби на Левандовски (ВИДЕО)

919

Фудбалерите на Барселона го победија Реал Мадрид со 1-0 на пријателскиот натпревар во Лас Вегас. Играч на мечот беше новото засилување, Рафиња кој со проектил во 27. минута го постигна единствениот гол на оваа средба.

Чави Хернандез излезе со силен состав, предводен од Роберт Левандовски кој играше во првото полувреме, додека на другата страна Карло Анчелоти на клупата ги остави Касемиро, Крос и Модиќ во првото полувреме.

Барселона доминираше од самиот почеток, токму Левандовски го имаше првиот удар на голот на Реал, но Куртоа беше на вистинското место.

Реал беше најблиску до гол во 17. минута кога Валверде го пресретна лошото расчистување на Алба и ја погоди стативата од близу 30 метри.

ПретходноНеверојатно: И дал име на ќерката по навивачка група!
СледноБаерн невидлив покрај Сити, Халанд со деби гол, Арсенал изгледа моќно (ВИДЕО)