Барса го договорила Кунде за 60 милиони евра!

366

Според каталонските медиуми, дефанзивецит на Севилја, Жил Кунде е нов играч на Барселона. Имено и двата клуба се договориле за овој трансфер, а каталонскиот гигант треба на Севилја да и плати 50 милиони евра плус 10 милиони низ разни бонуси. Договорот ќе важи за следните четири години.

Ова е пресврт, ако се знае дека по интересот на Барса за Кунде, Челзи влезе во игра, но самиот играч ја одбил понудата на тимот од Лондон, па затоа сега тој доаѓа на “Камп Ноу“.

Со овој трансфер, кој се очекува да биде официјализиран во следните денови, Барса и тоа како ќе има силен тим. Досега во тимот на Чави дојдоа Левандовски, Рафиња, Кристенсен, Парти…

Тоа ќе биде тим кој слободно може да јуриша на титулите во Ла Лига и ЛШ.

Претходно“Лавовите“ в среда, со автобус, ќе патуваат за Софија!
Следно“Бомба“ од Каталонија: Чави побарал да му се донесе Меси!