Герет Бејл го постигна својот прв погодок во дресот на ЛА. Овој тим како гостин го совлада Спортинг Канзас Сити со 2:0, а Велшанецот ја заврши приказната на овој меч со гол во 83. минута од средбата.
Одличниот офанзивец кој неодамна пристигна во Лос Анџелес е среќен што веќе го постигна својот деби гол на вториот натпревар.
„Најважно е што го добивме натпреварот. Убаво е да се влезе во игра и да постигнеме гол“, рече Бејл и додаде:
“Прилагодувањето беше нормално, како што очекував. Клубот не ме брза и се чувствувам се подобро и подобро. Сите во клубот прават се за да се чувствувам добро и се надевам дека наскоро ќе почнам да го играм мојот најдобар фудбал”, изјави Бејл.