Во вторник во 21 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, ќе се одигра реваншот од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите меѓу Шкупи и Динамо. Првиот меч заврши 2:2, па така “модрите“ од Загреб секако дека ги преземаат сите предуслови да не им се случи тотален дебакл.
Имено по наредба на тренерот Анте Чачиќ, тие се во строг карантин. По вчерашниот дуел со Славен Белупо, на кој триумфираа со 5:1 сите играчи заминаа во клупскиот хотел на “Максимир“ а не дома. И таму синоќа спиеја, денеска треба да одржат тренинг, а утре со чартер лет во 12.30 часот закажано е патувањето за Скопје.
Според зборовите на Чачиќ, тој има проблеми со составот, посебно со одбраната, но добро било тоа што клучниот играч, а тоа е капитенот Аријан Адеми одморил со оглед на тоа дека не настапи на вчерашниот меч со Славен Белупо.