Лина Ѓорческа поразена во финалето во Оломуц

149

Најдобрата македонска тенисерка не успеа да го освои ИТФ фјучерс тунирот кој се одржува во Оломуц. Лина Ѓорческа во финалето беше совладана од домашната тенисерка Сара Бејлек со 2-0 по сетови (6-2 и 7-6).

Македонската тенисерка беше немоќна во првиот сет,кој го изгуби со 6-2, откако третата носителка успеа да направи брејк во четвртиот гем за водство од 3-1.

Во вториот сет следеше вистинска борба на на теренот, мечот влезе во тај-брејк, а подобра беше чешката тенисерка со 7-6. Наградниот фонд на овој турнир изнесува 60.000 американски долари.

ПретходноНејмар испрати јасна порака за неговите планови!
СледноМилер ладнокрвно за заминувањето на Левандовски