Миовски погоди во официјалното деби за Абердин (ВИДЕО)

692

Македонскиот репрезенаттивец и интернационалец Бојан Миовски на најдобар можен начин ја стартуваше својата авантура во овој клуб. Откако со недели траеше процедурата за подготвување на потребната документација со која што ќе има право на настап за клубот, Миовски денеска официјално дебитираше за Абердин. И тоа како. Со гол од пенал, кој што самиот го изнуди и имаше огромен удел во триумфот од 3:0 над екипата на Рајт.

Миовски погоди за водство уште во 13. минута самоуверено ја презема одговорноста и нормално не погреши.

Ја напушти играта по околу еден час што беше и повеќе од доволно за деби настап. Инаку ова беше дуел кој е дел од Лига купот на Шкотска.

ПретходноЈугослав Тренчовски е нов тренер на Ал Араби
СледноТрагедија во рингот… почина по тежок нокаут со лакт (ВИДЕО)