Нејмар испрати јасна порака за неговите планови!

307

Бразилецот испрати јасна порака дека сака да остане во ПСЖ. Во изминатиот период на големо се пишуваше дека ова лето ќе направи трансфер, беше поврзуван со многу тимови, но на крајот ги расчисти сите дилеми.

„Сакам да останам во ПСЖ. Никој во клубот не ме информирал за плановите, не знам што размислуваат. Јас сакам да останам, немам потреба да го докажувам тоа. Среќен сум кога играм, тоа треба да го правам како што знам“, изјави Нејмар.

Во претходната сезона постигна 13 голови и осум асистенции, причина поради која ги разочара фановите на францускиот тим, но и раководството. Нејмар има договор до 2027 година.

Нејмар во ПСЖ дојде во 2017 година од Барселона за 222 милиони евра, што и натаму е светски рекорд кога станува збор за трансферите.

ПретходноПике долго време ќе го памети она што му се случи во Лас Вегас (ВИДЕО)
СледноЛина Ѓорческа поразена во финалето во Оломуц