Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ моментално одмара во Хрватска. Тој е во Корчула каде што да тренира и да ја одржува формата. Тој ужива и се дружи со познатиот хрватски тенисер Иво Карловиќ и Мате Павиќ, со кои е во добри односи.
Ѓоковиќ малку го променил имиџот откако ја вратил „брадата“ која одамна ја немал.
Или едноставно немал време да се избричи бидејќи постојано е во движење и се труди да помине што е можно повеќе квалитетно време со своите најблиски. Тој во моментов е во Хрватска без сопругата Јелена и децата, па ги „полни батериите“ за следните предизвици во кариерата кои го очекуваат, а кои очигледно нема да ги има на УС Опен.