Разгаленото синче се враќа во ПСЖ!

919

Според италијанските медиуми, играчот за врска на Јувентус, Адриен Рабио би сакал да се врати во ПСЖ. И за тоа ја ангажирал својата менаџерка, а таа е неговата мајка. Познато е дека нејзе никој не ја поднесува од претседателите на клубовите, а поради нејзе и самиот фудбалер си има проблеми.

Познато е дека кога Рабио играше во ПСЖ таа постојано се мешаше во работата на стручниот штаб, потоа му правеше притисок и на селекторот Дидие Дешамп на која позиција нејзиниот син требало да игра.

Врв на се беше кога таа побара од челниците на ПСЖ нејзиниот син да има иста плата како и Килијан Мбапе, па откако тоа не го доби, разгаленото синче, како го нарекуваат Рабио во Франција, направи трансфер во Јувентус.

Рабио не е со останатите играчи на Јуве на турнејата во САД, тоа го оправдал со фактот дека имал лични проблеми, но сепак, според медиумите во Италија, тој се спремал за враќање во Париз.

Неговата мајка ја почнала опрецијата – “Рабио повторно во ПСЖ“.

Дали ќе успее, тоа останува да се види.

ПретходноСпоред турските медиуми: Менаџерите го нудат Алиоски на Бешикташ!
СледноПерез, Лапорта и Ањели на пријателска вечера во Лас Вегас!