Ракометарите го освоија петтото место на ЕХФ Шампионатот во Варна

213

Македонската машка ракометна репрезентација до 20 години го освои петото место на ЕХФ шампионатот во Варна. „Црвено-жолтите“ овој пат најдоа решение и ја совладаа Украина со 26-23 (13-11).

Петковски беше стрелец на седум гола, пет имаше Шулески, додека еден помалку запиша Тодески. Галевски запиша седум одбрани, Брестовац три.

Речиси во текот на целиот меч нашата репрезентација беше подобра на теренот. По 3-4 за противникот, ракометарите со серија од 3-0 поведоа со 6-4, а имаа и плус три 9-6. Украинците го искористија нашиот пад, поведоа со 9-11, но нашите момци со нова серија од 4-0 на одморот се изборија за 13-11.

Во второто полувреме одново следеше рамноправна битка на теренот се до 46. Минута кога Македонија со серија од 4-0 дојде на плус четири 23-19. На другата страна противникот се обидуваше да притисне и да приреди пресврт. Петковски и Тодески постигнаа два значајни гола за 26-23, а Македонија зачекори кон триумфот.

ПретходноМилер ладнокрвно за заминувањето на Левандовски
СледноНоле го промени имиџот, ужива на одмор со браќата и хрватските легенди