Реал Мадрид ги „завери“ трите звезди со нови договори

173

Едер Милитао,  Винициус Жуниор и Родриго потпишаа нови долгорочни договори со тимот на Реал Мадрид. Тоа значи дека клубот и тоа како верува во нив, и е убеден дека токму овие тројца се иднината на клубот кој планира да доминира во декадата што следува.

Милитао според информациите стави параф на договор до 2028 година со откупна клаузула од 500 милиони евра. Винициус пак на година дена пократок рок, но и клаузула дека клубот кој што сака да го откупи од Реал Мадрид ќе мора да плати неверојатни една милијарда, а истата сума важи и за Родриго, кој идентично како и Милитао е обврзан со договор до 2028 година.

 

ПретходноФерстапен најдобар во Франција
СледноЈугослав Тренчовски е нов тренер на Ал Араби