Според турските медиуми: Менаџерите го нудат Алиоски на Бешикташ!

672

Откако се чини дека и дефинитивно пропадна трансферот во Трабзонспор, желбата на Езџјан Алиоски и натаму е Турција. Сега на ред е Бешикташ, еден од најголемите клубови во Турција, гигант од Босфорот. Како што пишуваат медиумите во Турција, менаџерите на нашиот репрезентација го понудиле токму на Бешикташ. Сепак не се наведува каков е одговорот на челниците на „црни – белите“, иако јасно е дека потребен им е лев офанзибев бек.

Цената на Алиоски за тригодишен договор е 7,5 милиони евра, односно по 2,5 милиони по сезона. Е сега дали ова ќе може и ќе сака да го профати Бешикташ, останува да се види.

Интересно е тоа што деновиве во врска со Алиоски се јави со изјава и Фатих Терим, довчерашнит стратег на Галатасарај, кој не криеше дека пред две години тој бил силно заинтересиран за Алиоски, но пречка било тоа што Џани барам преголема плата, па така до трансфер не дошло.

ПретходноДинамо во строг карантин пред утрешното доаѓање во Скопје!
СледноРазгаленото синче се враќа во ПСЖ!