Иако се знаеше и пред денешната завршна етапа, која се возеше низ улиците на Париз, сега е и официјално. Јонас Вингегард од Данска е победникот на Тур де Франс за 2022 година. Тој не му дозволи на Словенецот Тадеј Погачар да направи хет – трик, па така Словенецот ќе мора да се задоволи само со второто место на најпрестижната велосипедска трка во светот.
Значи Вингегард е “КРАЛОТ“ на Тур де Франс и тоа сосема заслужено. Како трет во генералниот пласман заврши Британецот Герејнт Томас.
Вингегор забележа севкупно време од 79.33`20“ часови. Погачар заостана 2`43“ минути, додека Томас заостана зад победникот 7`22“ минути.
Да кажеме дека последната етапа, онаа најатрактивната, што се возеше денеска по улиците на Париз, му припадна на Белгиецот Јаспер Филипсен.
🤩After 3 weeks of highs and lows, Jonas Vingegaard wins the #TDF2022!
🤩 Après 3 semaines de lutte et de souffrance, Jonas Vingegaard remporte le #TDF2022 ! pic.twitter.com/VkXpc861iJ
— Tour de France™ (@LeTour) July 24, 2022