Црвена Звезда денеска со ретро дресови „ала Бошко Ѓуровски“

574

Шампионатот на Србија веќе е во полн ек, а денеска бранителот на титулата тимот на Црвена Звезда гостува во Лучани кај Младост. Информација која што нас и премногу не би ни била потребна, освен ако менаџментот на клубот не реши, денешната гостинска гарнитура на дресови, да биде со предзнак ретро. И тоа не било каква туку, онаа од крајот на деведесеттите години од минатиот век, кога во тимот „главна фаца“, и капитен беше нашиот Бошко Ѓуровски.

Некогаш и капитенот на репрезентацијата на Македонија, а потоа и селектор во еден мандат, во Црвена Звезда е сметан за вистинска легенда, беше и тренер на тимот пред десетина години, и секогаш е добредојден на популарната „Маракана“, а од неодамна стадион „Рајко Митиќ“.

ПретходноЧави: Пике ќе се бори за место како и останатите
СледноВалмиера се разигра пред реваншот со Шкендија