Југослав Тренчовски е нов тренер на Ал Араби

1429

Некогашниот тренер на екипите на Академија Пандев, Беласица, Кожуф, Хоризонт Турново, и селектор на Македонија до 19. години Југослав Тренчовски е нов тренер на екипата на АЛ Араби од Кувајт.

Тренчовски и досега беше дел од овој клуб, но извршуваше другу функции, а сега му е доделена најголемата одговорност,а тоа е тренер на првата екипа.

Се работи за седумкратниот првак на Кувајт, кој минатата година заврши како трет, играше во меѓународните азиски купови.

„Благодарам за честитките. Да точно е дека од вчера сум назначен за прв тренер на Ал Араби. ГОлема одговорност која се надевам ќе ја оправдам и во иднина клубот кој е исклучително ценет и трофеен во овој дел од светот, да постигне уште поголеми резултати“ – ни изјави Југослав Тренчовски.

Заедно со Тренчовски во стручниот штаб на Ал Араби ќе биде и некогашниот младински репрезентативец на Македонија и член на повеќе наши клубови како активен фудбалер, а последно како дел од тренерскиот кадар на Академија Пандев, Томи Пандев, кој ќе биде задолжен секако за голманите во тимот.

 

ПретходноРеал Мадрид ги „завери“ трите звезди со нови договори
СледноМиовски погоди во официјалното деби за Абердин (ВИДЕО)