17-годишен фудбалер е замената за Левандовски во Баерн!

184

17-годишниот напаѓач Матис Тел е новиот напаѓач на Баерн Минхен, кој остана без својот најдобар фудбалер Роберт Леванодвски.

Баерн ќе потпише петгодишен договор со 17-годишниот играч на Рен. Шампионот на Германија плати 20.000.000 евра за млад човек од кој се очекува многу, па лесно може да се активира бонус од 8.500.000, кој ќе биде на сметката на Рен доколку Тел има успешна кариера во Минхен.

Тел имаше само седум настапи за Рен во Лига 1, но и тоа беше доволно да го покаже својот огромен потенцијал и да го принуди Баерн да плати висока сума за него и да му понуди договор до 2027 година.

Инаку прва желба на баварците е англискиот репрезентативец Хари Кејн, но овој трансфер е тежок за реализација бидејќи веќе потрошија повеќе од 100 милиони евра за Садио Мане од Ливерпул и Матијс де Лихт од Јувентус.

ПретходноМладинците посакуваат победнички крај, Украина последна пречка за петото место!
СледноМакедонија против Бугарија за седмото место во Тбилиси (ЛИНК)