Герет Бејл покажа дека ќе биде незапирлив во МЛС (ВИДЕО)

628

Герет Бејл го постигна својот прв погодок во дресот на ЛА. Овој тим како гостин го совлада Спортинг Канзас Сити со 2:0, а Велшанецот ја заврши приказната на овој меч со гол во 83. минута од средбата.

Одличниот офанзивец кој неодамна пристигна во Лос Анџелес е среќен што веќе го постигна својот деби гол на вториот натпревар.

„Најважно е што го добивме натпреварот. Убаво е да се влезе во игра и да постигнеме гол“, рече Бејл и додаде:

“Прилагодувањето беше нормално, како што очекував. Клубот не ме брза и се чувствувам се подобро и подобро. Сите во клубот прават се за да се чувствувам добро и се надевам дека наскоро ќе почнам да го играм мојот најдобар фудбал”, изјави Бејл.

ПретходноЖешки сцени од „Ел Класико“: Највоинствени беа Антонио Рудигер и Роналд Араухо (ФОТО)
СледноЧачиќ пред реваншот со Шкупи: Влегуваме без комплекси, свесни сме дека сме подобри!