Чави: Пике ќе се бори за место како и останатите

322

Тимот на Барселона изгледа сосема поинаку отколку пред само неколку месеци. Нов тренер, во името на Чави, сериозни засилувања и добри подготовки во кои во „пријателското Ел Класико“ синоќа е победен Реал Мадрид со 1:0. Стрелец новитетот Рафиња, а по мечот тренерот Чави ги прокоментира и позитивните и негативните нешта од самиот меч.

„Одигравме добро прво полувреме, а потоа се мачевме. Задоволен сум затоа што ние овде дојдовме да победуваме. За нас нема пријателски мечеви“ – изјави Чави, па додаде.

„Пике кој се враќа од повреда, почнува како и сите останати. Тоа што е легенда во клубот не му гарантира стартно место. Ќе се бори со останатите за минутажа„ – рече Чави.

Барселона на стоперската позиција се засили со Андреас Кристенсен, доаѓа многу веројатно и Кунде од Севиља, а тука се и Араухо односно Ерик Гарсиа. Пике ќе има сериозна конкуренција.

ПретходноПораз од Бугарија за крај, младинците осми во Тбилиси!
СледноЦрвена Звезда денеска со ретро дресови „ала Бошко Ѓуровски“