
Како што и се најавуваше, експедицијата на Динамо Загреб, во која се и нашите Аријан Адеми и Стефан Ристовски,со чартер летна од Загреб за Скопје. Познато е дека утревечер Шкупи ќе дочека “модрите“ во возвратниот дуел од 2.квалификациско коло во ЛШ. На “Максимир“ беше 2:2, па нема да имаме ништо против ако на Арената во Скопје биде 1:0 или 2:1 за Шкупи.
Инаку експедицијата на Динамо ќе биде сместена во хотелот “Хилтон“ во Скопје, а вечерва околу 21 часот ќе го имаат и единствениот тренинг на Арената.