Шкупи – Динамо утревечер е реванш дуелот од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Првиот меч во Загреб заврши со резултат 2:2, па така сега остануваат уште 90 минути да се види кој шампион, на Македонија или на Хрватска, ќе оди натаму, во следната фаза.
Во пресрет на утрешниот меч, вечерва на прес – конференција во Скопје, стратегот на “модрите“ Анте Чачиќ со свое видување…
„Ова ќе биде елиминациски натшревар. Утре ќе се даде одговорот кој ќе оди натаму во квалификациите во ЛШ. Со должно почитување кон Шкупи, но секако дека Динамо е фаворит и јас не бегам од тоа. Домаќинот ќе стори се да дојде до изненадување, но ние сме тука во тоа да го спречиме“ рече Чачиќ.
Во продолжение тој напомена…
“Доста голови дадовме на последните мечеви, тоа ме радува. По сите параметри на првиот меч создадивме многу шанси, но резултатот е тој, 2:2. Шкупи ги искористи своите шанси и дојде до поволен резултат. Динамо реално има многу поголемо искуиство во Европа и планираме тоа да го искористиме“.
Стратегот на “модрите“ рече дека планира во 90.минути неговиот тим да победи..
“Да, планирам во тие 90.минути да победиме. Шутало и Теофил и дефинитивно не играат. За тоа дали ќе играме со еден или двајца напаѓачи, е тоа ќе го решам пред напреварот. Да кажам дека во Шкупи се се врти околу тројката напред, но и во средниот ред, иако целокупно функционираат и како тим. Затоа и дојдоа до тука“.
Чачиќ истакна нешто и за медиумите во Хрватска…
“Медиумите во Хрватска погрешија што го прогласија Шкупи за тотален аутсајдер. Ова се тешки мечеви, почеток на сезона. Да се потсетиме дека пред неколку години во оваа фаза Динамо го победи Арсенал. Критиките делуваат позитивно, иако сметам дека во Загреб не одигравме така лошо“ заврши Анте Чачиќ.