Женската екипа на РК Куманово денеска и официјално има нов тренер. Станува збор за поранешната ракометарка, Драгана Ристова која доаѓа од редовите на ЖРК Вардар.
Таа ќе има нов предизвик во новата сезона, Куманово е претставник во ЕХФ Купот, каде ќе игра против Макаби Рамат Ган. Натпреварите ќе се одиграат на 8/9 октомври, а реваншот е на 15/16 октомври 2022 година.
Во стручниот штаб поранешната македонска репрезентативка ќе соработува со Сашо Божиновски и Славиша Димитријески.