Интер и Лацио се фаворити за потписот на Мертенс

131

Дрис Мертенс повеќе не е дел од тимот на Наполи. Ветеренот, кој во моментов има 35 години долго време беше дел од овој клуб но на се доаѓа крај па и на престојот на белгиецот во клубот каде што има статус на легенда.
Според неговите зборови, тој планира да одигра уште една или максимум две сезони на високо ниво, а според последните информации нема да го промени шампионатот, туку само клубот.

За Мертенс постојат две опции, а тоа се екипите на Интер односно Лацио. Во првиот случај дефинитивно би бил резерва, затоа што Интер реално има екстра состав, но ќе биде заедно со неговиот репрезентативен колега Ромелу Лукаку. Кога станува збор за Лацио пак, би се соединил повторно со Мауруцио Сари, стратегот на „сините“ со кого соработуваше своевремено токму во Наполи.

 

ПретходноНедановски прозиваше: РК Вардар ги стартуваше подготовките! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЛиверпул ќе го продава името на новата трибина! (ВИДЕО)