Почетокот на новата сезона во италијанската Серија А може да биде одложен поради топлотниот бран во земјата, најави претседателот на лигата, Лоренцо Казини .
„Ќе биде многу тешко за играчите ако сезоната започне на 13 август. Првиот проблем е поврзан со климата, бидејќи ако продолжат сегашните температури ќе биде многу тешко да се започне сезоната на тој датум. Втората точка е дека оваа сезона и онака ќе биде невообичаена само по себе поради паузата поврзана со Светското првенство во Катар “, изјави Казини за италијанските медиуми.
Температурата на воздухот во некои области на Италија надминува 40 степени и тоа во моментов е загрижувачки за раководните структури на лигата.