На Светското првенсто во атлетика, кое се одржува во Јуџин, САД, дојде и до првиот контроверзен момент.
Во дисциплината скок во далечина, женска конкуренција, суверено и неприкосновено, старо нов првак е германката Малаика Михамбо со скокнати 7.12, додека втора заврши Есе Бруме од Нигерија.
За третата позиција се водеше битка и токму тоа место е центарот на контроверзниот момент. Бронзата и припадна на Летисија Оро Мело од Бразил со 6.89, а претставничлата на Србија, Ивана Шпановиќ имаше скок подобар од овој на Мело, но истиот беше поништен поради престап. Светската јавност е поделена околу ова затоа што на снимката тешко може да се процени дека Шпановиќ навистина одработува скок кој е неправилен. Проценете сами….