Неверојатно: ТВ-пренос од мечот Шкупи – Динамо ќе има за Хрватска, но не и за Македонија!!!

1829

Како што јавуваат медиумите во Хрватска, нивната национална ТВ сепак успеала да договори ТВ-пренос од утрешниот меч во квалификациите во ЛШ меѓу Шкупи и Динамо Загреб. Имено луѓето од ХРТВ вложиле натчовечки напори и успеале да обезбедат пренос, во спротивно се наведува дека тоа за нив би било голем срам.

Тоа значи дека љубителите на фудбалот во Хрватска сепак ќе може да го следат мечот меѓу Шкупи и Динамо, но тоа не важи за нашите љубители на фудбалот. Во Македонија ќе има тотален мрак за вој натпревари, ниту една ТВ куќа не пројавила интерес да го проследи низ ТВ пренос мечот на македонскиот шампион против балканскиот гигант.

Да кажеме дека ТВ правата за преносите за Шкупи ги има ТВ Суперспорт, тоа е албански ТВ канал и кој може да го “фати“ сигналот на оваа ТВ тој и ќе можќе да го гледа мечот меѓу шампионите на Македонија и Хрватска.

ПретходноФилип Лазаров и официјално промовиран како нов тренер на Интерактив
СледноТен Хаг ќе добие неверојатен бонус доколу Јунајтед се пласира во Лигата на шампиони!